Достапни линкови

Експлозиите низ Македонија, класични терористички активности


Последните бомбашки напади во Скопје, и претходните во Кумановскиот регион и Струга се терористички чин, оценуваат во МВР

„Да направиме дистинкција и да немате дилеми, дека сите овие настани што претходно ги набројував значи, екплозијата во Сопот, во кумановската гимназија, Стража, судот во Струга, кумановскиот трговски центар, скопските настани од претходниот ден се класични терористички активности,“

Изјави министерот хари Костов. Според него освен последните случаи во Стража при што беше убин еден припадник на АРМ а друг ранет и експлозиите во Скопје, МВР успеало да ги пронајде сторителите на останатите бомбашки напади.

„МВР ги откри сторителите на сите досегашни случаи коишто се однесуваа на овие терористички акти. Министерството за внатрешни работи располага со снимки од објектот на Македонскиот телеком од три камери коишто во тој период регистрираа движење на определени личности околу објектот. И МВР работи на анализирање и идентификување“

Македонија станува опасно место за живеење, е ставот на најолемата опозициона партија ВМРО ДПМНЕ, по експлозиите кои се случија во центарот на Скопје

„Ситуацијата во главниот град на државата станува алармантна, и ваквите чекори кога бомби експлодираат на само 150 метри од владината зграда говорат дека државата не ја контролира состојбата, владата не ја контролира состојбата и во тој случај не може да се говори за европски интеграции, за инвестиции, за нови работни места, доколку владата не може да ја гарантира елементарната безбедност на граѓаните, државата и државните објекти.“

Со слични тонови реагираа и неколку други политички партии во Македонија. Инаку, Министерот за Внатрешни работи Хари Костов најави дека неговот министерство пред Владата ќе инсистира, да се утврди конкретната одговорност за бегството на Дилавер Бојку - Леку од затворот во Струга, почнувајќи од Министерството за правда па се до чуварите ангажирани за неговиот транспорт. А посочи дека набрзо ќе бидат поднесени кривични пријави за лицата кои ги нападнаа новинарите во Арачиново и упаднаа во полициската станица во ова село.
XS
SM
MD
LG