Достапни линкови

logo-print

Скопје: Две експлозии во центарот на Скопје, едно лице полесно повредено


Едно лице е полесно повредено во експлозија на бомба што се случи пред зградата на „Мобимак“ во центарот на Скопје околу 19 часот и 25 минути. Во експлозијата се искршени прозорците на становите во соседните згради и се оштетени неколку возила. Речиси истовремено одекна и експлозија на булевар „Крсте Мисирков“ пред трговскиот центар „Мавровка“ спроти главниот влез на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Експлозивната направа најверојатно била поставена во контејнер. Оштетени се повеќе излози на блиските дуќани. На местото на експлозиите испратени се екипи на единицата за антитероризам на МВР. Полицијата презема мерки за откривање на сторителите и мотивите за експлозиите.
XS
SM
MD
LG