Достапни линкови

Јордан: Светски економски форум


На маргините на светскиот економски форум што се одржува во Јордан високи претставници на Обединетите Нации, Соединетите Држави, Русија и Европската Унија ќе разговараат за имплементацијата на мировниот план за Блискиот Исток. Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан, американскиот државен секретар Колин Пауел, шефот на руската дипломатија Игор Иванов и грчкиот министер за надворешни работи Папандреу ќе ги разгледаат најновите случувања во израелско-палестинскиот конфликт и можноста да се спроведе патната мапа за мирот, загрозена поради ескалацијата на насилствата. Во меѓувреме поради убиство на представник на Хамас од страна на израелските сили, ова милитнатно палестинско движење, одговорно за повеќето самоубиствени напади во израел, се закани денеска дека ќе ги продолжи нападите.
XS
SM
MD
LG