Достапни линкови

Европа го сака Западен Балкан во ЕУ, но само откако тој ќе го заслужи


Со усвојување на декларацијата за Западен Балкан, овде во Порто Карас, на самитот на Европската Унија, регионот го доби она што долго време го посакуваше, да очекува да биде дел од европското семејство, зашто Европа е расположена за тоа. Иако има и резерва, говори за можна интеграција. На заедничката прес конференција на првите луѓе на ЕУ со балканските лидери повторени се барањата за реформи, но грчкиот премиер Симитис сепак беше најгласен за она што е најголема болка за овој дел на Европа, Симитис рече: мир - тоа треба да ви биде главната програма. Во тој контекст, претседателот Трајковски не сака повеќе поделби на Балканот, во секој поглед.

„Денеска кога се соочуваме со новиот процес на проширување, се надевам дека во Западниот Балкан нема да постојат линии на поделба и дека Западниот Балкан во иднина нема да биде на маргините на ЕУ.“

За разлика од ервропските лидери кои во овој самит гледаа историја, Трајковски на пресот на македонската делегација, децидно изјави, ова не е историски настан, не е за нас пресвртница, но јас сум задоволен. Шефицата на дипломатијата Митрева пак, и покрај фактот што тоа никогаш не беше најавувано изјави дека македонската влада очекувала да станеме кандидати и освен тоа да биде прецизирана временска рамка. Она што не остава простор за дилеми според изјавите на Трајковски и Митрева е фактот дека е разбрана пораката што ја упати Европа на лидерите на Западен Балкан, да се одрабодат реформите, за да се седне на маса и да се разговара за можно членство. Од друга страна, третиот член на македонската делагација Теута Арифи, акцентот за иднината на Македонија во Европа го стави на Рамковсниот договор, односите Белград - Приштина кои ги дефинираше како клучни за иднината на регионот.
XS
SM
MD
LG