Достапни линкови

ЕУ им вети економска помош на земјите од Западен Балкан


Последниот ден на самитот на ЕУ е прв чекор на Западен Балкан да стане дел од европското семејство. На шефовите на државите и дипломатиите на петте земји им е ставено јасно до знаење, дека нивните земји може да бидат потенцијален дел, односно дека се работи за индивидуално членство, но не смее да се заборави дека прецизната формулација гласи: „целосна можна интеграција, реконструкција, рехабилитација, политичка и економска транзиција, прифаќање на европската легислатива, изградба на силно потполно функционирање на државите кое ќе бидат способни да одговорат на потребите на нивните граѓани. А, за возврат, во своите дипломатски кофери, западно балканските лидери носат подготвеност да играат според правилата. Да се почитуваат принципите на демократијата, на правото, човековите и малцинските права, пазарната економија, неповредливост на границите, мирно решавање на конфликтот и регионална соработка, пресметка со организираниот криминал и корупцијата, со илегалната имиграција.“ Што се однесува до Македонија во агендата стои враќање на раселените лица, и враќање на довербата. Македонската делегација, претседателот Трајковски, шефицата на дипломатијата Митрева и претседателот на надворешната комисија Арифи, пристигнаа синоќа со хеликоптер од Скопје. Попладнево имаат најавени средби. А, она што сигурно со нетрпение се очекува е епилог од можните разговори на релација Приштина – Белград. Приштинската делагација ја предводи Штајнер, дилемите се дали ќе се води дискусија или дијалог. Но, овие дилеми ќе бидат разрешени уште попладнево.
XS
SM
MD
LG