Достапни линкови

Осуда од домашните и странски претставници


Настан што ја разбранува македонската јавност во изминатата недела беше загинувањето на војникот под договор во АРМ Видан Коцевски откако возилото во кое тој се наоѓал нагази на поставена противтенковска мина на патот кон караулата Стража на границата со Косово.

„Станува збор за терористички атак врз припадниците на АРМ. Верувам дека ќе успееме согласно со уставните и законските обврски да го изолираме овој инцидент да не придонесе за натамошна дестабилизација и проширување на дестабилизацијата во кумановскиот регион.“

беше првата реакција на министерот за одбрана Владо Бучковски. Инцидентот беше осуден од сите домашни и меѓународни претставници, а се огласија и жителите на селата од регионот

„Сите од околните села го осудуваме овој терористички акт.“

Истиот ден беше одржана и претходно закажаната седница на националниот совет за безбедност, на која беше заклучено дека процесот на стабилизација се одвива во позитивна насока, меѓутоа последните инциденти налагаат интензивирање на мерките и активностите на надлежните органи за откривање и санкционирање на извршителите. Ваквата реакција на советот беше поздравена од американскиот амбасадор во земјава Лоренс Батлер:

„Понекогаш треба да се случи некој трагичен инцидент за да не потсети до каде стигнала земјата. Но, советот за национална безбедност одговори соодветно, мирно, со покренување обвиненија, а не со претерана реакција,“

рече Батлер.

Дали овој и претходните инциденти во поранешните кризни региони можат да ја дестабилизираат безбедносната ситуација е прашањето кое се обидоа да го одговорат некои домашни и меѓународни претставници:

„Очигледно е дека во последно време не случајно, но и не инцидентно се случуваат систематски чинови од криминално-терористичка природа коишто ја загрозуваат безбедносната димензија на самата држава,“

изјави претседателот Борис Трајковски, а портпаролот на ОБСЕ Гревен истакна:

„Одоговорот на вашето прашање дали постои можност од нова криза е да. Но сметам дека политичарите, односно преставниците на власта и опозицијата успешно работат во спречување на ваквите инциденти.“

Претставникот на Конкордија, Филип Сулие, пак нагласува:

„Овде во Македонија не гледем ниту една одговорна личност која сака да започне нов конфликт. Освен мала група на поединци кои живеат со идеите што му припаќаат на минатото.“

Сепак, зголемена е будноста на единиците на АРМ во пограничниот реон кон Србија и Црна Гора.

„Засилени се мерките на претпазловост и на безсбедност на органите. Оценка е дека тоа служи за заплашување, што значи дека нема отсапување на теренот, границата се контролира целосно,“

вели претседателот на македонскотот собрание Никола Поповски.
XS
SM
MD
LG