Достапни линкови

Недостиг на пари, лекови и опрема


Клиничкиот центар во Скопје не го одминуваат проблемите со кои се соочува македонското здравство - недостиг на пари, лекови и опрема. На клиниката нема тумор маркери, не работи бихемијата, не се прават анализи, а често се случува пациентите да се препракаат во приватни ординации. Директорот Тихомир Крцковски признава дека има недостиг на лекарства, но тоа, вели тој, не трае со денови:

„Се случува нешто да нема ден или два, но се обезбедува замена и виталните функции не смеат да бидат загрозени“

Граѓаните генерално се и задоволни и незадоволни од услугите во државната болница, но реагираат:

„Што знам, нема се и сешто: цитостатици, антибиотици, нема потрошен материјал – завои, гази, конци“
„Јас сум од Битола. И таму има недостатоци, Во што е проблемот?“
„Ова е лудница, да ти кажам право. Се треба да купиме, се“
„Нема ракавици, нема гази, нема друго, па како тогаш да завршиме работа?!“


Причина за недостигот на лекови и останатиот потрошен материјал директорот Крцковски ја лоцира во мамутскиот систем на снабдување на центарот, количините вели тој се предвидуваат за една година и одат преку тендерски систем:

„Се уште не се завршени тендерите и од минатата година, а да не зборуваме за нови тендери. Ние недостигот го решаваме со мали набавки што смееме законски да ги правиме до 2.600 евра. Се трудиме барем навреме да сигнализираме тие набавки да бидат извршени во разумен временски рок“

Крцковски посочува дека излезот од ваквите состојби не само во клиничкиот центар туку и во здравството треба да се најде во реформите на овој ресор, но и во рационализација на трошоците, зашто годинава на пример макеоднското здравство е со 30 насто помалку средтва од буџетот во однос на минатата година:

„Не сум задоволен затоа што се уште сме во доменот на социјалното здравство. Модерното здравство е скапо здравство и апсолутно, најавуваните реформи веќе еднаш треба да почнат. Реформите би ги лоцирал не само во здравството, туку и во фондовското осигурување“.

Во Клиничкиот центар годишно се вршат 52000 операции, 800000 биохемиски анализи, огромен број прегледи, во просек има над 1200 лежечки пациенти, што укажува на потребата од подобрување на на неговата функционалност и надминување на тековните проблеми има лекови, нема лекови.
XS
SM
MD
LG