Достапни линкови

Техеран: Неколку илјади демонстранти на мирни протести против раководството на исламскиот режим


Неколку илјади демонстранти се собраа и ноќеска во студентскиот град во Техеран протестирајќи мирно против раководството на исламскиот режим во Иран. Демонстрациите започнаа на 10 јуни, а во изминатите денови полицијата и припадниците на исламската полиција жестоко ги разбија протестите во Техеран кои во меѓувреме се проширија и во внатрешноста на земјата. Изутрината во градовите Машкад и Табриз се уапсени 120 лица претежно студенти, а судири со полицијата избувнале и во провинцијата Керманаш.
XS
SM
MD
LG