Достапни линкови

Воспоставување комуникација и утврдување на државните и национални интереси


Воспоставување нормална и континуирана комуникација меѓу партиите за дефинирање на стратешките, државни и национални интереси како и постигнување поширок политички консензус за реализација на Рамковниот Договор е целта на серијата разговори меѓу преставниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ иницирани неодамна од страна на партиски лидери Црвенковски и Груевски. Првата средба која се одржа во седиштето на СДСМ беше со цел, утврдување на методологијата и начинот на кој овие две партии меѓусебно ќе соработуваат.

„ВМРО-ДПМНЕ и натаму останува конструктивна опозиција, секогаш ќе биде коректив на власта и секогаш кога ќе смета дека власта може подобро ќе и сугерира на начин на којшто може да се направи, се разбира се до оној момент додека не дојдеме на лидерска позиција, и потоа од опозицијата ќе го очекуваме истиот конструктивен однос што ние сакаме да го имаме во следните неколку години,“

истакна Ганка Самоилова- Цветанова една од двајцата преставници на ВМРО ДПМНЕ која заедно со Ден Дончев ја преставуваат својата партија во разговорите со СДСМ. Владо Бучковски и генералниот секретар на партијата Никола Ќурчиев ја предводат делегацијата на владеачката СДСМ. Според Бучковски:

„Не е тајна дека она што најмногу е актуелно во моментов е имплементацијата на рамковниот договор. Ќе разговараме и за безбедноста, за враќањето на раселените лица, за економските текови во Република Македонија, но ќе разговараме и за други теми кои треба да ја доизградат Република Македонија како вистинска демократска држава, а тоа е владеењето на правото и правната држава.“

Што се однесува до оваа средба, коалицискиот партнер на СДСМ, ДУИ како што истакна нејзиниот лидер Али Ахмети нема ништо против:

„Демократската унија за интеграција уште од почетокот се залагаше за дијалог меѓу македонските партии и во таа насока преговорите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не се проблем за нас", и сметам дека многу е битно сите заедно да работиме кога се во прашање државните интереси,“

изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети.
XS
SM
MD
LG