Достапни линкови

logo-print

Армиско возило налета на мина, еден војник загина


Терористички и подмолен чин е оценката на министерството за одбрана за нападот кај караулата Стража во кој еден војник загина, а друг е повреден кога возило на АРМ нагази на поставена мина. Изразувајќи осуда на таквиот чин, министерот за одбрана Владо Бучковски рече:

„Станува збор за испланирана терористичка акција и за свежо поставена мина на овој патен правец каде што секојдневно поминува конвој на Министерството за одбрана. Во конвојот имало четири моторни возила, а патролата, како што е карактеристика за АРМ, била во мешовит состав. Во третото возило, за среќа, не настрадале и дел од припадниците на другите заедници. За ваше информирање, во третото возило имало двајца Албанци. Верувам дека овој терористички атак ќе најде на осуда и кај нашите партнери, бидејќи како заеднички партнери во глобалната војна против тероризмот ќе го вреднуваме секој терористички атак, независно каде се случува во светот“.

Според претседателот на ДУИ Али АХмети пшак, подметнувањето на мината претставува криминален чин:

„Секоја активност во која има жртви, несомнено е криминален чин. Изразувам жалење за инцидентот во кој еден војник загина, а друг е ранет. И сметам дека надлежните органи ќе го расветлат овој случај“

Сочувтсво за загинатиот војник изрази и претставникот на ОБСЕ Волфганг Гревен, кој рече:

„Ова е најсериозен криминал и ние можеме само да ги охрабриме властите да ги гонат и судат виновниците. Овие криминалци очигледно немаат респект кон никого, дури ни кон децата и младите кои се почесто стануваат жртви“.
XS
SM
MD
LG