Достапни линкови

Средба на високи партиски делегации на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ


Високи партиски делегации на двете најголеми политички партии во Македонија, владеачката СДСМ и опозиционата ВМРО-ДПМНЕ денеска ги започнуваат серијата разговори иницирани на неодамнешната средба на двајцата партиски претседатели Бранко Црвенковски и Никола Груевски. Целта е воспоставување нормална и континуирана комуникација меѓу партиите за дефинирање на стратешките, државни и национални интереси на Република Македонија како и постигнување поширок политички консензус.

Ваквиот чекор на двете партии експертите го оценуваат како позитивен. Политикологот Ѓорѓи Иванов вели:

„Не е само израз на добра волја, туку е влегување во една конструктивна фаза кога се носат политиќките одлуки, а тоа се случува во парламентот“

СДСМ на овие разговори ќе го преставуваат подпретседателите Владо Бучковски, Радмила Шекеринска и Илинка Митрева, како и генералниот секретар Никола Ќурчиев, а ВМРО ДПМНЕ Ганка Самоиловска-Цветанова, Ден Дончев и двајца останати членови на партијата чии имиња ќе бидат соопштени непосредно пред почетокот на средбата.
За СДСМ на овие разговори битни се прашањата од Рамковниот договор и особено делот на безбедноста, надворешната политика, евроинтеграцијата и економијата. Додека за ВМРО-ДПМНЕ, приоритетни се економските прашања односно невработеноста и намалениот животен стандард, како и безбедноста, прецизирањето на деталите околу имплементација на Рамковниот договор, собраниските проекти, но и враќањето на бегалците и суверенитетот на целата територија.
XS
SM
MD
LG