Достапни линкови

Некој мора и да работи


Препораките на лекарите да се избегнува излегување на сонце поради високите температури во текот на денот едноставно не можат да бидат применети кога станува збор за професии кои бараат работа под отворено небо. Тоа е случај со таксистите, колпортерите, градежните работници кои на температура од 40-тина степени се речиси единствените кои се сретнуваат по скопските улици во пладневните часови:

„Без клима во овој период, ништо не бива. Да има клима ќе се работи, ама без клима, слабо,“

вели еден такси возач, но додава оти е свесен дека нема простор да се жали затоа што е свсен дека неговата професија не смее да трпи поради временските услови:

„За нас ништо, ама за другите не прогласуваат некои елементарни непогоди затоа што нема можност да се плати тоа. За сите е тешко, не само за нас.“

Неговиот колега деодава оти сепак простор за освежување во текот на денот наоѓа за време на кусата пауза:

„Ете фонтана, ќе купиме ладно сокче, алкохол никако.“

На сличен начин, градежните работници велат некако успеваат да го прилагодат своето работно време на временските услови под кои работат:

„Отпорен сум, навикнат сум, нашата струка е таква да не може да бираме каде да работиме. Горештините се трпат, кога мора да се работи не е тешко.“

Еде продавач на бинго пак, кој има импровизирана тезга на градскиот плоштад на сметка на неговата професија што ја извршува на високи температури во шега вели:

„За нас е бинго да е ладно времето да може да се движиме и да работиме.“

„Поради виските температури намален е и бројот на купувачи.“

Сепак, метереолозите велат дека во следните денови температурите ќе бидат пониски. Дежурниот синоптичар Панче Трајановски најавува намалување на температурите за три до четири степени.
XS
SM
MD
LG