Достапни линкови

САД ја добија војната, но се далеку од постигнување на мирот


Ирачките христијани беа дискриминирани и манипулирани за време на поранешниот режим, иако некои од нив беа членови на Садамовата влада. Сега пак некои христијани велат дека иако Соединетите држави ја добија војната далеку се од постигнување на мирот што нив ги загрижува во однос на иднината.

Во Ирак има мала но раширена христијанска заедница која е поделена во ставот за Садам Хусеин. Некои го паметат како тиранин, некои се задоволни од него. Вилијам Нурвин е католик од британско потекло кој не се сеќава на друг лидер освен на Садам Хусеин. Тој е богат и вели дека неговото семејство не било злоставувано од режимот на Садам Хусеин.

„Ние не бевме злоставувани од никого, бидејки бевме подржувани од Садам Хусеин и тој ги сакаше христијаните и ни ги даде сите слободи.“

Вилијам Нурвин вели дека многу христијани беа вклучени во Садамовиот режим посочувајќи го најпознатиот Тарик Азиз кој беше заменик премиер. Ара Карабед припадник на ерменската православна Црква исто така вели дека немало притисок но дека и христијанско малцинство во Ирак, околу еден милион луѓе, немале специјален третман бидејки бившиот ирачки лидер сите ги третирал еднакво лошо.

„Садам ги заштитуваше христијаните на некој начин, но кога некој ќе се свртеше против него, тој не се грижеше дали станува збор за христијанин, шиит или сунит. Тој убиваше или ставаше во затвор и знаете беше лош кон сите луѓе.“

Од друга страна, отецот Томас Миркис од католичкиот доминикански ред вели дека целата христијанска заедница во Ирач се чувствувала несигурно и била зависна од волјата на Садам Хусеин. Миркис вели дека е погрешно мислењето дека Хусеин ги подржувал христијаните. Тој како диктатор го користеше нивниот страв за да ги манипулира. 200 илјади христијани, според Отец Миркис, го напуштиле Ирак по заливската војна во 1991 година. Тој вели дека Садам Хусеин донесол многу закони со кои се фаворизирало конвертирањето на христијаните во муслимани.
Миркис нц 060920

Доколку христијанин, маж или жена станеа муслиман, тогаш автоматски нивните деца стануваа муслимани. Тоа беше закон на Баат режимот.

Христијаните во Ирак, вели Отец Миркис се образовани и добри граѓани, но сега се загрижени за нивната иднина. Мирот од една страна не е постигнат иако Соединетите Држави ја добија војната. Главната загриженост е поради растечкото добивање на моќта од страна на долго време потиснуваното шиитско мнозинство. Нашата судбина, повторува Миркис, секогаш зависи од идеоло0гијата на оној што е на власт.
XS
SM
MD
LG