Достапни линкови

logo-print

Москва: Повеќе од 70 насто Руси за влез во ЕУ


Повеќе од 70 проценти руси се залагаат за влез на Русија во Европската Унија а 10 проценти се против. Оваа тенденција е во постојан пораст, се наведува во денеска објавеното истражување на јавното мислење во Москва. Во Мај мината година за влез на Русија во Унијата се изјаснија 52 проценти додека против беа 18 насто од испитаниците. Настан кој влијаеше на ваквото расположение на русите беше јунскиот самит на 40 шефови на држави и влади по повод 300 годишнината од основањето на Санкт Петерсбург.
XS
SM
MD
LG