Достапни линкови

Херзлија: Израелско палестински разговори


Денеска се одржаа израелско – палестински разговори меѓу шефовите за безбедност во резиденцијата на американскиот амбасадор Даниел Кучер во Херзлија. Според израелскиот шеф на безбедноста Амос Гилад израелските сили ќе се повлечат од окупираните територии само доколку запрат насилствата на палестинските милитанти. Шефот на палестинските сили за безбедност Мохамед Дахлан пак изјави дека најдобар начин за обезбедување на безбедноста на Израел е да ја заврши окупацијата и да ги запре акциите против милитантите и уривањето на нивните домови.
XS
SM
MD
LG