Достапни линкови

Фалуџа: Голема операција на американските војници


Американските војници започнаа голема операција во Фалуџа, седумдесет километри западно од главниот град на Ирак Багдад во потрага по осомничените воени лидери и илегалното оружје. Операциите во кои учествуваат тенкови и хеликоптери започнаа по крајниот рок на полноќ што им беше даден на жителите на Фалуџа да го предадат оружјето. Стрелано е врз 16 објекти од кои се раководеле операциите и се криело оружје. Вчера цивилниот администратор Пол Бремер изјави дека американските сили се сериозни во намерата да го себерат илегалното оружје во Ирак. Американската централна команда во Катар соопшти дека е фатен поранешниот командант на ирачките воздушни сили Хамид Ал Тикрити.
XS
SM
MD
LG