Достапни линкови

Ситуацијата во Арачиново се враќа во нормала


Ситуацијата во Арачиново по синоќешните настани при што беше нападната полициската станица во оваа општина а шест припадници од македонска националност задржани како заложници а потоа ослободени денеска се враќа во нормала, потврдуваат во МВР.

„Полицајци има во полициската станица, нормално се одвива работата на полицијата, немаме некои покрарактеристични настани и немаме нарушувања на јавниот ред и мир, така што ситуацијата е ставена под контрола,“

изјави портпаролот Мирјана Контевка која соопшти дека при вчерашниот упад во полициската станица немало повредени припадници на МВР.

Инаку, на ваквите настани претходеше полициска акција за апсење на жител на Арачиново по кои полицијата трагала повеќе време а Основниот суд Скопје 2 имало издадено наредба за негово приведување. При обид за апсење на лицето Неџмедин Демири во населбата Ченто истиот употребил физичка сила врз еден од полицајците, а репетирал и пиштол при што бил застрелан од останатите полицајци.

Дека ситуацијата се враќа во нормала потврди и градоначалникот на Арачиново Решат ферати.

„Состојбата е нормализирана, затоа што веќе беа присутни и старнските мисии, ОБСЕ, НАТО... Така што, во вечерените часови околу 22 часот состојбата се нормализираше и денеска состојбата е нормална како и секој денм“

изјави градоначалникот Ферати, кои изрази жалање за вчерашните случувања. Според него во моментов во општината функционираат сите локални власти меѓу кои и полициската станица.
XS
SM
MD
LG