Достапни линкови

Белгија мора да го смени законот што им дозволува на судовите да постапат за обвинувања за геноцид


Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсефлд заканата ја образложи со тврдењето дека со таков закон се доведуваат под прашалник одговорностите на Белгија како земја домаќин на НАТО. Имено, според него, не е добро кога цивилните или воените лидери на членките на Алијансата не можат да доаѓаат во Белгија без страхување дека против нив белгиските судови нема да покренуваат, како што рече, исполитизирани обвинувања:

„Се додека ова работа не биде решена, ние ќе се спротивставуваме на секое натамошно трошење за изградба на нови НАТО штабови во Брисел. Така ќе биде се додека не бидеме сигурни дека Белгија има намера да биде гостопримливо место за НАТО за да ги извршува своите работи.“

Изјави американскиот секретар Доналд Рамсфелд, додавајќи дека Брисел мора да го смени законот според кој им е дозволено на белгиските судови да покренуваат сослушувања за обвинувања за геноцид без оглед каде тие биле извршени во светот. Ваквото барање веднаш беше отфрлено од шефот на белгиската дипломатија Луј Мишел кој наведе дека нема потреба од тоа, бидејќи веќе биле неправени дополнувања на легислативата за воени злосторства со кои се спречуваат политички инспирирани процеси. Вашингтон беше многу критичен во врска со процесот во Белгија покренат од ирачани а против командантот на сојузничките сили во Ирак генерал Томи Френкс, како и процесите против државниот секретар Колин Пауел, потпретседателот Дик Чејни и поранешниот претседател Џорџ Буш за нивната улога во првата ирачка војна.
XS
SM
MD
LG