Достапни линкови

Белград: Уапсен пензиониран полковник обвинет за воени злосторства


Веселин Шљивичанин, пензиониран полковник на Војската на Србија и Црна Гора, обвинет од Хашкиот трибунал, синоќа е упасен во неговиот стан во Белград. Српската полиција потврди дека за време на акцијата на неколку пати дошло до судири меѓу полицијата и неколку стотини луѓе кои се обиделе да го спречат апсењето. Во судирите биле повредени десетина полицајци и седумина демонстранти. Полковник Шљивичанин е обвинет за воени злосторства направени во 1991 – ва година во Вуковар. Тој се товари за ликвидирање на околу двесте хрвати.
XS
SM
MD
LG