Достапни линкови

logo-print

Брисел: Состанок на Евроатлантскиот партнерски совет


Денеска во Брисел се одржува состанок на Евроатлантскиот партнерски совет на кој учествува и македонскиот министер за одбрана Владо Бучковски. Предвидено е тој да има средба со генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон, како и заеднички разговори со неговите колеги од Албанија и Хрватска – од таканаречената Јадранска група. Министерот Бучковски вчера разговараше со американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд посветени главно на македонските напори за приближување кон Алијансата.
XS
SM
MD
LG