Достапни линкови

logo-print

Со подобра перговарачка стратегија владата можеше да издејствува поголемо намалување на цените


Македонскиот преговарачки тим можеше да издејстува и поголемо намалување на цените на телекомските услуги, доколку стратегијата за настап на преговорите беше подобро осмислена тврди првиот човек на управниот одбор на Телеком професор Борче Давитковски како коментар на средбата меѓу првите луѓе на Телеком и македонската влада.

„Можеше да се иде и пониско, ако имаше поголема упорност, ама очигледно, лошо се водеа преговорите. За жал, и ова морам да го кажам, јас не бев вклучен во финалните преговори“.

Намалувањето на најавеното покачување на импулсот од 25 на 15 насто е само компромисно решение кое треба да ги смири страстите на граѓаните. Оваа година не се очекува нова иницијатива за зголемување на цените, но наредната според потпишаниот купопродажен договор телекомци имаат право и можност да реализираат нов драстичен скок на цените тврди Давитковски.

„Мене ми е страв и за догодина, бидејќи тие можат да идат и со зголемување од 140 до 180 проценти“.

Квалитетот на услугите што го дава Телеком, а кој е под договорените стандарди може да биде причина за раскинување на купопродажниот договорот. Но, во овој момент тој факт се занемарува, бидејќи тој што треба да реагира е управата за теелкомуникациим, но нејзините ингеренции во ситуацијава се лимитирани.

„За жал, никој не ведо сметка за квалитетот на услугите. Вака излегува дека цените ги качуваат колку што сакаат, а за квалитетот на услугите никој не води сметка“

Она што во овој момент може да се стори е бордот на директори да му го одземе правото на првиот човек на „Телеком“ сам да ја уврдува цената на телефонските услуги. Но, овој потег се смета само како лечење на последиците од веќе лошо потпишаниот купопродажен договор. Она на што треба да се внимава е по 2004 година кога истекува монополот на „Телеком“, со новиот фиксен оператор да не склучи исто ваков штетен договор како што е овој со Матав вели Давитковски.

„Тешко е да се бараат измени на договор кој веќе се применува. Евентулно при вториот договор треба да се отворат четири очи вториот фиксен оператор и тоа што ќе се договори да се применува и со првиот оператор“.

Дека конкуренцијата си го прави своето покажуваат и вчерашните најави што дојдоа од вториот мобилен оператор - цените на услуги што ќе ги дава и наплаќа Космофон во однос на досегашниот мобилен оператор Мобимак ќе бидат пониски од 20 до 30 насто.
XS
SM
MD
LG