Достапни линкови

ДУИ сака да ја стави НДП под свои закрила, се поизвесно враќањето на ДПА во политичкиот живот


ДУИ не се откажува од немарата под свои закрила да ја стави НДП на Кастриот Хаџиреџа, а се поизвесно е враќањето на ДПА во политичкиот живот по речиси дво месечниот мораторим кој го објави поради незадоволството од текот на имплементацијата на Охридскиот Договор. Разговорите за приспојување на ДУИ и НДП сеуште се во тек , бидејки во партијта на Хаиреџа евидентна е поделеноста кај членството.

Единствениот пратеник на оваа партија Џезаир Шакири поранешен командант на ОНА изјави:

„Кој сака може да оди во ДУИ, а Џезаир Шаќири дефинитивно останува во НДП и тоа поради многу причини. Да сакав да преминам во ДУИ тоа ќе го направев на време немаше да чекам Џеват Адеми да ме однесе таму,“

изјави пратеникот на НДП Џезаир Шакири, кој додаде:

„Зошто ја не одам во ДУИ има многу причини, како прво во ДУИ има огромен раскол второ не ги реализираат ветувањата дадени пред електоратот, со голема брзина им опаѓа рејтингот на теренот, и што е најважно причините се поврзани директно со Ахмети, односно извршерниот атентат врз мене. Тој се уште не се изјаснил за тој случај а што е најстрашно тој и ден денеска комуницира со лицата кој го извршија атентатот,“

изјави Шаќири. Атентатот врз него беше извршен во Косово веднаш по завршување на оружениот конфликт во Македонија:

Во ДУИ засега без коментар на ваквата изјава на Џезаир Шакири, а лидерот Ахмети за преговорите со НДП синоќа изјави:

„Разговорите течат и понатаму и ќе видиме како ќе заврши целава работа.“

Инаку претседателството на ДУИ веќе го одобри приспојувањето со НДП. Од друга страна се почести се најавите дека најголемата албанска опизициска партија ДПА ќе врати во политичкиот живот. Во партијата засега се воздржуваат од коментар, а меѓународната заедница се повеќе инистира на нивно враќање во Собранието. Во таа насока американскиот амасадор Лоренс Батлер и специјалниот преставник на ЕУ Алексис Брунс упатиле писмо до ДПА повикувајќи ги да го одмрзнат објавениот мораториум. Батлер и Брунс мораториумот на ДПА не само што го оцениле како опасен за Охридскиот договор туку и чекор кој е директно спротивен со интеграционите процеси во НАТО Алијансата и ЕУ.
XS
SM
MD
LG