Достапни линкови

Техеран: Иран ќе биде безмилосен против оние што сакаат да ја уриваат власта


Иранскиот лидер Али Хамнеи изјави денеска дека Иран ќе биде безмилосен против оние што сакаат да ја уриваат власта. Ваквата реакција доаѓа по неколкудневните протести пред Универзитетот во Техеран против исламистичките верски водачи во земјата. Демонстрантите побараа и оставка на претседателот Мухамед Катами поради неспроведувањето на реформите. Според властите во Техеран, демонстрациите ги поттикнуваат локални радикали и странски агенти.
XS
SM
MD
LG