Достапни линкови

Брисел: Дводневен состанок на министрите за одбрана на НАТО


Министрите за одбрана на НАТО го започнаа дводневниот состанок во Брисел на кој ќе се расправа за воената реорганизација на Алијансата, како и за ситуацијата во Ирак, Авганистан и на Балканот. Генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон најави дека станува збор за најрадикално преструктуирање на НАТО од неговото основање. Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд вчера изјави дека и покрај актуелните несогласувања, НАТО сојузниците мора да работат заедно против новите предизвици за светскиот мир.
XS
SM
MD
LG