Достапни линкови

Безбедносната состојба и приближувањето на Македонија кон НАТО тема на средбата со Црвенковски


Безбедносната состојба и приближувањето на Македонија кон северноатлантската алијанса се тема на разговор мегу премиерот Бранко Црвенковски и врховниот командант на сојузничките сили на НАТО за Јужна Европа Грегори Џонсон.

„За ништо специфично и посебно нема да разговараат. Адмиралот Џонсон е одговорен за овој регион и тој е во контакт со претставници на владите. Тие генерално ке ја разгледуваат безбедносната состојба каква била досега, што се случува во момнтов, но што може да се очекува и во иднина на овој план. Ке стане збор и за идните активности и обврски што ја очекуваат владата во контекст на приближувањето кон стандардите на алијансата,“

изјави портпаролот на НАТО во земјава Крег Ратклиф кој посочува оти станува збор за редовни активности на претставници на алијансата. Дека станува збор за редовна средба мегу генералот Џонсон и премиерот Црвенковски потврдуваат и во владата.

И покрај тоа што командата на мегународните мировни сили ја превзема Европската Унија, Ратклиф посочува оти алијансата има важна советодавна улога во Македонија во делот на достигнување на евроатлантските вредности:

„Во последниве шест месеци имаме повеќе советодавна улога и целта е да се помогне војската да функционира како и во останатите современи држави. Постојано има контакти мегу претставници на надлежните министерства и на НАТО,

Инаку очкеувањата се, како што неколкупати имааат посочено претставници од македонскиот државен врв, Македонија во 2006 да се вклучи во алијансата.
XS
SM
MD
LG