Достапни линкови

Затворање на дуќаните поради слабиот промет


Со оправдувања дека прометот е лош и дека немаат пари да набавата фискална каса дуќанџиите реагираат на одлуката на министрството за финансии дека ќе мораат да го затворат објектот ако и по опомената на инспекцијата не купат каса.
Во тој стил еден продавач кој има дуќан во центарот на градот објаснува оти сумата на касата е повисока од прометот што го прави и оти оваа мерка не соодвтствувала на неговиот и на стандардот на луѓето во држвата.

„Најобичната каса е околу 17.000 денари. Момнтно луѓето немаат пари, без работа се, прометот е таков што на два-три часа ќе влезе по еден муштерија и од каде сега тие фискални каси? Ние не сме против тоа, навистина. Само, треба првин да се видат условите – дали има работа, дали може да се купи каса“

Тој вели оти не е вистина дека трговците одбиваат да набавата каса оти на тој начин ќе мораат да го регистрираат прометот со што ќе немаат повеќе можност за екстра зработувачка.

„Ние рековме дека немаме ништо против тоа, ќе набавиме, само моментално немаме услови. Ќе не казнат, ќе одиме во затвор. Ако ги собира во затворот сите овие дуќанџии, ќе одиме во затвор“.

Но, додека трговците кои не набавиле фискална каса излегуваат со вакви и други изговори за тоа оние кои веќе одговориле на обврската што е воведена пред повеќе од една година коментираат дека тие работата со загуба на сметка на даночните затајувачи.

„Бидејќи само 25 отсто ги ставиле касите, испадна дека најглупавите ставија каси, а умните седат се уште без каси. За едните една цена, за другите друга цена, едноставно во државава само бизнис си вртат, ништо друго не е во прашање“.

Дека само 70 проценти од дуќанџиите поседуваат каса потврдува претставува и искуството на граѓаните кои во однос на оваа одлука велат:

„Повеќето од дуќанџиите имаат. Слушнв дека ќе се казнуваат и тие што не земаат фискална сметка, а тоа не е во ред“

Според сопсвениците на објектите кои работат според правилата на министерството тие ќе заживеат и ќе ги дадат очекуваните резулатати само ако тие важат на целата територија на држвата.

„Сите да земат, останатите 75 отсто кои немаат земено, за да биде навистина правна државата“.
XS
SM
MD
LG