Достапни линкови

170 припадници на единицата „Лавови“ започнаа штрајк со глад


170 припадници на единицата за брзи интервенции „Лавови“ од денеска пред зградата на МВР започнаа штрајк со глад револтирани од олуката на ова министерство истите да не бидат вработени, иако како што велат ги исполнуваат сите услови за тоа.

„Нашите луѓе се доста професионално обучени, поминати се низ семинари, обуки, низ воено-лекарски прегледи, психо-физички проверки со стандарди на специјални единици, за што добивавме одлични оценки“.

изјави еден од припадниците на ова единица кој вели

„Се шпекулира дека голем број од тие што се вработија се со некои досијеа, дека не ги исполнувале критериумите. Напротив, се работи за луѓе што ги исполнуваат сите критериуми, а не се повикани на работа“.

Од друга страна во МВР велат дека овие луѓе не ги исполнуваат условите за вработување ниту во ова министерство ниту во Министерството за одбрана.

„Министерството постапи согласно одлуката на владата за трансформација на оваа единица, при што се презеде обврска за обезбедување работен однос на 600 припадници, со тоа што 400 да бидат вработени во МВР, а 200 да бидат вработени во Министерството за одбрана“.

изјави портпаролот на МВР Мирјана Контевска.

Засега нашата судбина не е позната не сме распуштени , а веќе неколку месеци не примаме плата вели друг припадник на ова единица:

„Ние не знаеме што е со нашата судбина. Ние со месеци не добиваме плата, ние имаме униформи, ние не сме распуштени, а не одиме на работа и немаме никакво официјално известување зошто ние седиме дома“.
XS
SM
MD
LG