Достапни линкови

Сараево: Средба на шефовите на дипломатиите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа


Шефовите на дипломатиите на државите опфатени со Процесот за соработка во Југоисточна Европа денеска во Сараево ќе одржат средба посветена на ситуацијата во регионот и идните проекти за интензивирање на соработката во областа на економијата, инфраструктрата, борбата против организираниот криминал и заштитата на човековите права. На состанокот ќе учествува и македонскиот министер за надворешни работи Илинка Митрева. Ова е прва средба на министрите за надворешни работи во рамките на Процесот, откако Босна го презеде претседавањето.
XS
SM
MD
LG