Достапни линкови

Безбедносната состојба, реформите во армијата и евроатлантската интеграција теми на разговорите


Евроатланската интеграција на земјава, реформата во македонската армија и безбедносната состојба беа теми на разговорите на државниот врв со Роберт Братке, помошник на државниот секретар на Соединетите држави за НАТО и ОБСЕ.

„Помошникот на државниот секретар за НАТО со претседателот Трајковски разговараше за можностите од проширувањето на соработката во контекст на забрзувањето на интегрирањето на Македонија во северноатлантската алијанса. Во таа смисла во фокусот на разговорите беа можностите кои ги дава рамката на Јадранската повелба,“

изјави Борјан Јовановски, портпарол на претседателот Борис Трајковски. На средбата Братке ја потенцирал благодарноста на Америка за придонесот на нашата земја во глобалната борба против тероризмот и за поддршката на воената операција во Ирак. Инаку во тој контекст е и денешното заминување на 28 војници и медицински персонал од девет члена во рамки на мировната операција во Ирак. Заменик министерот за одбрана Ризван Сулејмани вели оти оваа мисија е од големо значење бидејќи со ова Македонија се приближува кон евроатлантските интеграции:

„Ова е еден чекор напред со оглед на тоа што АРМ треба да се оспособи за соработка со други армии,“

изјави Сулејмани кој посочува оти Братке на средбата во министерството за одбрана оценил оти е постигнат значителен напредок во реформите во македонската одбрана.
XS
SM
MD
LG