Достапни линкови

logo-print

Македонските синдикати негодуваат


Секоја влада, па и оваа спроведува реформи, но без притоа да подготви издржана системска анализа велат од синдикатот на урпавата како коментар на најавените реформи во јавната администрација. Се работи за избрзан и не добро осмислен потег, па оттаму логично е да се предвиди дека и резултатите од овие реформи нема да ги дадат саканите резултати.

„Ние сметаме дека ваквите реформи, вака како што се постапува се квази реформи и нема да дадат резултат,“

вели Пеце Груевски од синдикатот на управата. За сега владата и синдикатот без ниту една остварена заедника средба и утврдена стратегија околу спроведувањето на реформите во јавната администрација. Тоа што се знае е дека во моментов ниту ресорните министерства ниту синдикатот располагаат со податоци колкав број од вработените во овие сектори преставуваат вишок.

„Какви се тие паушални се и бројките и анализите.“

Е ставот на претседателот на гранковиот синдикат за образование наука и култура Дојчин Цветановски. Во ССМ ги поддржуваат реформите во јавната администрација, но само доколку се реализираат според однапред утврдени критериуми и почитување на веќе потпишаните колективни договори, што значи без масовни отпуштања и политички реваншизам.

„Оние што ќе се отпуштат да добијат парчен надоместок за да може нешто да почнат.“

Доколку се утврди дека владата во името на реформите ги крши работничките права, во тој случај нема да седи со скрстени раце предупредува Симо Сиљановски претседател на синдикатот на здравството.

„Тие треба да ги отпуштат луѓето, ама треба да го направат законски тоа. Да не си направат дупла работа.“

За последните пет години само во јавниот сектор се вработени нови 30 илјади лица. Додека бројот на државните службеници изнесува 120 илјади. Досега само ММФ со точна пресметка и јасен став, до крајот на годината од оваа бројка ќе мора во просек од секое министерство да бидат отпуштени четири насто од вработените. Владата ветува дека ваквиот став ќе го испочитува и спроведе.
XS
SM
MD
LG