Достапни линкови

Многу постигнато во соработката со ЕУ


Многу е постигнато во соработката помеѓу Унијата и македонската влада, изјави високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ Хавиер Солана.

„Работите се движат во вистинска насока. Ние повеќе разговаравме за идната соработка и за самитот во Солун и што потоа, однсно за перспективите на вашата земја. Солунскиот самит ќе биде важен мост на соработка помеѓу унијата и земјите во регионот.“

Солана и премиерот Бранко Црвенковски оценија оти соработката со мисијата на евро силите е успешна. Наскоро, рече Црвенковски македонската влада ќе треба да донесе деликатна одлука, односно да определи кога ќе дојде моментот кога на земјава нема да и биде потребно меѓународно воено присуство:

„Ќе ги земеме во предвид сите битни сознанија, факти и оценки. Она во што јас верувам е дека при крајот на годината ќе можеме да соопштиме заедно со ЕУ дека Конкордија е една успешна мисија и дека Македонија е држава којашто може да ги преземе своите уставни ингеренции на целата територија без помош од меѓународни воени сили.“
XS
SM
MD
LG