Достапни линкови

Две лица полесно повредени и голема материјална штета


Двајца полесно повредени, стотина растревожени и мошне вознемирени и исплашени граѓани, како и голема материјална штета на станбените згради и трговските дуќани во непосредна близина на големиот градски плоштад е билансот од силната експлозија предизвикана од се уште непозната експлозивна направа која пет минути по два часот одекна во Куманово. Експлозивната направа со голема разорна моќ за која се претпоставува дека е ТНТ се уште непознати сторители ја поставиле во еден од влезовите на петокатницата во која се наоѓа и големата градска аптека. Пред експлозијата некои од граѓаните забележале:

„затворање на врати на коли, потоа тишина и експлозија“

А потоа:

„не знаев дали е земјотрес или е нешто друго“

„искршени се сите стакла на дуќанот“


Градоначалникот на Куманово кој го посети местото на настанот смета дека и оваа експлозија е резултат на настаните од пред две години:

„Луѓето се многу исплашени, прозорците во зградите се искршени и очекуваме после истрагата од страна на Министерството за внатрешни работи да ги посетиме граѓаните во нивните станови, да видиме каква е таа штета и државата да се вклучи во нејзино надоместување“.

Началникот на кумановската полиција Слободан Секирарски изјави дека експлозивната направа е од непознат вид а во интерес на истрагата не може да соопшти други детали.
XS
SM
MD
LG