Достапни линкови

Теми на дискусија „Конкордија“, односите со ЕУ и самитот во Солун


Пред претстојниот самит во Солун во земјава денеска ке престојува претставникот за заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Хавиер Солана кој ке разговара со македонскиот државeн врв.

„Целта на посетата се следните теми како прво се разбира да ја оцени работата на мисијата Конкордија, да го посети и штабот на евросилите. Ова е прилика да се разгледаат и односите мегу Македонија и Унијата, не само во областа на безбедноста, туку и во економска и политичка смисла и конечно да се разговара и за претстојниот самит во Солун и Солана ќе стави акцент за македонските обрски и очекувањата од овој настан,“

изјави претставникот на Европската Унија во земјава, Алексис Брунс кој посочува оти во оваа прилика најверојатно нема да се разговара за продолжување на мандатот мисијата „Конкордија“.

„Јас мислам дека за ова сеуште нема да се разговара. Одлуката треба да ја донесе владата на Македонија по консултации со Европската унија. Има редовни консултации мегу мегу унијата и надлежниоте министерства во земјава за ова паршање. Целта на овие средби е да се осигураме дека делиме иста оценка за безбедносната состојба во земјава. Очекувам дека овој процес ќе доведе до заеднички заклучок кој ке се однесува на мисијата Конкордија,“

Вели Брунс.

Мисијата на евросилите е тема и на денешните разговори мегу македонските власти и Јанос Папантониу, претставник на политичката и безбедносна комисија на унијата и министер за одбрана на Грција.
XS
SM
MD
LG