Достапни линкови

logo-print

Британија бара поддршка за градење кампови за азиланти надвор од ЕУ


На денешниот состанок на министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ во Луксембург треба да биде разгледан предлогот на Велика Британија за изградба на кампови надвор од 15-те држави членки каде ќе бидат сместени сите оние што бараат азил во европските земји. Според најавите вквиот предлог на Лондон не наидува на подршка кај другите членки на Унијата.

Британија бара подршка кај другите партнери во Унијата за изградба на кампови за азиланти надвор од територијата на 15-те најбогати европски земји со аргументи дека Европстата Унија која е домаќин на околу 5 насто од вкупниот број на бегалците во светот мора да се обиде да најде нови начини да се справи со напливот и да избегне европскиот систем за азил да биде злоупотребен од економски мигранти. Лондон верува дека средствата што би биле искористени за изградба на вакви бегалски центри надвор од Унијата воглавном би им помогнале на регионите и државите каде тие ќе бидат лоцирани. Но на оваа идеја повеќето европски земји гледаат со скепса. Германија, но и самата Европска комисија се сомнева во легалноста и практичноста на овие планови. Тие велат дека со ваков проект би се отвориле многу прашања на кои едноставно нема подготвен одговор. Едно од нив е дали враќањето на бегалците надвор од Европа откако тие веќе влегле е согласно со межународните правни стандарди кои се однесуваат и на земјите членки на Унијата. Истовремено неа би можело да и се префли дка едноставно ја намалува сопстевната одговорност во ситуација кога прашањето на бегалците е глобален проблем. Своеврсна подршка идејата на Велика Британија најде кај Данска, Холандија и Австрија. Овој предлог доаѓа во време кога се намалува бројот на барателите на азил во Европската Унија. Според агенцијата за бегалци на Обединетите Нации во првите три месеци годинава тој е намален за речиси 15 проценти, односно за 79 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG