Достапни линкови

Нема потреба од загриженост за безбедносната состојба


Полициската акција во Тетовското регион ја потврдија и преставниците на меѓународната заедница во земјава. Волфганг Гревен портпарол на ОБСЕ изјави дека за акцијата биле запознени навремено од страна на полицијата.

„Настанот се случи на патот од Tетово кон границата со Албанија во регионот на Пирок. Околу 100 полицајција сакаа да го уапсат Саит Рушити водач на криминална банда, за кого има издадено меѓународна потерница поради убиство. При акцијата дојде и до престрелка меѓу полицијата и бандата на Рушити кај селото Раковец. Тој со неговата банда успеале да избегаат а при престрелката за жал животот го загуби една жена,“

изјави Гревен. Тој потенцира дека во акцијата биле вклучени етнички мешани полициски сили.

Инаку во врска со безбедносната состојба во земјава, меѓународните преставнице велат дека нема потреба од загриженост:

„Генерално сметаме дека безбедносната стуација се стабилизира и не сме загрижени. Мислам дека не треба сериозно да се сфатат закани од индивидуалци,“

изјави Торбјерн Солстром заменик на спецјалниот преставник на ЕУ во Македонија Алексис Брунс. Преставниците на НАТО, ЕУ, ОБСЕ и евро силите демантираа дека контактираат или пак преговараат со поранешниот командант на ОНА Чакала кој во неколку наврати преку писма и изјави се закани дека со неговите луѓе ќе започне вооружени акции против полициките сили во кумановскиот регион, доколку не бидат ослободени двајцата притворено, односно осомничени за поставувањето експлозивна нправа кај селото Сопот при што загинаа четири лица.
XS
SM
MD
LG