Достапни линкови

logo-print

Во Македонија минатата година забележан демократски развој


Во најновиот извештај на американската организација Куќа на Слободата се наведува дека демократијата и заштитата на човековите права се подобрени во Источна Европа и во балтичките земји, но оти тоа не е случај со Русија и Централна Азија. Македонија е во земјите каде што во минатата година е забележан демократски напредок.

Во извештајот насловен како Земјите во транзиција, оваа американска организација за заштита на човековите права се поместени податоци за оваа сфера собрани во текот на минатата година.

„Во регионот, најмногуте документи за подобрување доаѓаат oд земјите во Централна и Источна Европа и Балканот. Со исклучок на Балтикот, повеќето од земјите на поранешниот Советски Сојуз продолжуваат да бидат назад.“

изјави претставникот на Куќа на Слободата Мајкл Голдфарб. Во извештајот посебно се критикува Русија и дури се бара од американскиот претседател Џорџ Буш да интервенира кај шефот на руската држава Владимир Путин со цел подобрување на човековите права во таа земја. Исто така се обвинува и самиот претседател Путин дека концентрирал премногу моќ околу себе. Од друга страна, во извештајот како земји во кој бил постигнат демократски напредок, меѓу другите се спомнуваат, Босна и Херцеговина, Македонија, Романија, Чешка, Словенија, Србија и Црна Гора и Украина. Но, притоа се прецизира дека ваквиот прогрес најчесто е поради интензивирањето на активностите на граѓанските движења и на невладините организации, а не поради владините активности. Што се однесува до Македонија, во извештајот се наведува дека Македонија покажала позитивни знаци на заздравување по конфликтот во две илјади и првата година. Исто така се вели дека во Србија и Црна Гора и во Албанија има било постигнато многу во борбата против корупцијата, но и се критикува Хрватска поради нереформирањето на судството и недонесувањето закон за процесуирање на воените злостортсва.
XS
SM
MD
LG