Достапни линкови

На светот му е потребно создавање независна и мирољубива палестинска држава


Американскиот претседател Џорџ Буш на денешниот состанок со арапските лидери во египетското летувалиште Шарм ел Шеик изјави дека на светот му е потребно создавање независна и мирољубива палестинска држава. Според него, и Израелците и Палестинците имаат одговорност во реализацијата на овој план.

Претседателот Џорџ Буш прецизирајќи дека дојде време za остварувањето на визијата за Палестинска држава изјави побара прекин на терористичките напади врз израелците и крај на политиката на изградба на еврејски населби на палестински територии. Покрај овие две страни Буш наведе дека и други арапски земји имаат одговорност за воспоставување мир и постигнување трајно решение на блискоисточната криза.

„Америка е решена, и јас сум решен да им помогнеме на сите страни да ја остварат тешката и херојска одлука која ќе води до мир.“

Рече претседателот Буш, додавајќи дека за постигнување на таа цел е потребно да биде отфрлен тероризмот.

„Теророт и се заканува на мојата земја, теророт им се заканува на арапските држави. Затоа на теророт мораме да му се спротивставиме и да го победиме.“

Изјави Буш кој наведе дека сите блискоисточни земји кои ќе тргнат на тој пат ќе им бидат пријатели на Соединетите Држави. Арапските лидери го поддржаа таканаречениот пат на мапата за мир на Блискиот Исток со кој, меѓу другото се предвидува создавање палестинска држава до две илјади и петта година.
XS
SM
MD
LG