Достапни линкови

Евијан: Усвоена завршна декларација на Групата осум


Лидерите на Групата Осум денеска на крајот од самитот во францускиот град Евијан усвоија завршна декларација во која се наведува дека нивна заденичка цел е мирот и обновата на Ирак. Во коминикето се потврдува и поддршката на мировниот план за Блискиот Исток. Лидерите изразија уверување дека глобалната економија наскоро ќе заздрави. Инаку, американскиот претседател Џорџ Буш и британскиот премиер Тони Блер претходно го напуштија самитот.
XS
SM
MD
LG