Достапни линкови

Македонија да се стреми кон постигнување на европските и евроатлантските вредности


На патот кон Европската Унија и НАТО, Македонија треба индивидуално да се стреми кон постигнување на европските и евроатлантските вредности, а потоа да работи и на регионаната соработка, вели поранешниот македонски амбасадор во НАТО Јован Теговски.

„Се работи за домашна задача на Република Македонија во исполнувањето на сите тие критериуми што се поставени и од ЕУ и од НАТО на нејзиниот пат кон овие две интеграции и битен елемент на тој пат е и развојот на регионалната соработка. Мислам дека тука не треба многу да се зборува“.

Тој оценува оти Македонија одлично работи на планот на регионалната соработка:

„Макеоднија навистина постигна значајни резултати во регионалната соработка и во сите извештаи, колку што ми е мене познато, и од ЕУ и од НАТО, се истакнуваат успесите на нашата земја во регионалната соработка. Меѓутоа, она што од друга страна е битно, е да се постигнат одредени критериуми и стандарди – во областа на армијата кога се работи за НАТО, во областа на приближувањето на законодавството кога се работи за Европската Унија. Мислам дека тука се уште претстои доста труд и од нас самите зависи како ќе се организираме. Се разбира, декларативно тоа е ставено како највисок приоритет, меѓутоа, мислам дека во пракса не е постигнато она што е зацртано како декларација“.

Теговски посочува оти по прашањето регионален или индивидуален пристап за приближувањето кон НАТО и Европската Унија различни се ставовите на земјите кои се стремат кон овие институции со оној на алијансата и унија:

„Ние од самиот почеток се залагавме за пристапот дека индивидуалните вредности и индивидуалните резултати на секоја земја треба да бидат одлучувачки. Од друга страна, знаете дека и во ЕУ и во НАТО повеќе се преферира регионалниот приод и таа политика посебно беше изразена во однос на нашиот регион. Јас мислам дека и понатаму, што се однесува до нас, останува заложбата дека индивидуалните достигнувања на секоја земја треба да бидат одлучувачки на нејзиниот пат кон НАТО и кон ЕУ“.
XS
SM
MD
LG