Достапни линкови

logo-print

Ултиматумот до државните органи продолжен за уште две недели


Ултиматумот упатен од страна на поранешни коамнданти на ОНА и т.н. АНА до државните органи дека доколку не бидат пуштени од притвор двајцата осомничени за пометнувањето на мината кај Сопот, ќе започнат активности против безбедносните сили, е продолжен за две недели. Во најновита изјава на АНА, објавена на нивната веб страница се вели дека за две недели во Македонија започнува војна. Како причина тие го наведуваат случајот во Сопот. А, го повикуваат албанското населени да не се одзива на владината кампања за предавање на нелегалното оружје, бидејќи како што се вели, доверба кај славјаните нема.

За МВР ваквите закани сеуште се само вербални. Групата која ги упатува заканите според сознанијата на дравните безбедносни органи нема реална моќ и потенцијал за преземање некакви акции и дестабилизација на земјата, бидејќи тие не ја уживаат подршката на албанското население. Мирјана Контевска портпарол на МВР вели Комисијата која го испутува случајот кај Сопот се уште работи:

„Министерството призна дека во акцијата којашто беше спроведена во Сопот, заради одредени професионални ограничувања, не беа вклучени припадниците на мешаните полициски патроли и тоа го сметаме за свој пропуст“.

Се додека се работи за вербални дуели полицијата не може да делува против одредени лица кој веќе и јавно се закануваат, а полицијата го знае нивниот идендитет, истакнува Контевски.

„Затоа се вклучени партиите, за да можат да ги стабилизираат страстите кај своите членови, а полицијата да реагира на настаните. Доколку се утврди дека Чакала бил инволвиран со конкретна активност во одреден настан – дали во грабнување, кражба или наруѓување на јавен ред и мир – секако против него ќе бидат преземени активности“.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети чија партија е дел од владината коалиција за случајот Сопот веднаш по настанот во Сопот изјави:

„Му ставив до знаење на премиерот Црвенковски и Министерот за Внатрешни работи дека вакви работи во иднина не смеат да се повторат, доколку се случат тогаш ние нема да преземаме никаква одговорност за ситуацијата во земјата,“

изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети.

А во соопштението на т.н. АНА се вели дека, полициската акција во Сопот, е јасен сигнал дека Али Ахмети со сите негови роднини е само една марионета во владата на Бранко Црвенковски, влада која во доследност го следи моделот на Белград во однесувањето кон Албанците. Во ДУИ засега се воздржуваат од коментар.
XS
SM
MD
LG