Достапни линкови

Пекинг: Започна изградбата на најголемиот хидроелектричен проект во светот


Кина во текот на изминатата ноќ започна да ја блокира реката Јангце на браната Три клисури што се смета за старт на најголемиот хидроелектричен проект во светот. Планираната акумулација треба да биде долга околу шестотини километри. Кинеските власти сметаат дека со проектот во вредност од дваесет и пет милијарди долари ќе бидат задоволени потребите за струја во земјата, но и ќе биде смирена реката Јангце која често предизвикува катастрофални поплави во тој регион.
XS
SM
MD
LG