Достапни линкови

Евијан: Самит на осумте најразвиени земји проследен со протести


Самитот во Евијан е проследен со протести на антиглобалистите. Тие денеска го блокирале автопатот што води кон тој град. Полицијата мораше да употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои извикуваа дека лидерите на Групата Осум се однесуваат како господари на светот. Француските власти ја зголемија безбедноста околу Евијан страхувајќи да не се повторат насилствата од самитот на најразвиените земји пред две години во Џенова. Полициските барикади се протегаат на двете страни од француско – швајцарската граница околу Женевското Езеро.
XS
SM
MD
LG