Достапни линкови

Сингапур: Според Волфовиц нема краткорочно решение на спорот со Северна Кореа


Американскиот заменик-секретар за одбрана Пол Волфовиц денеска во Сингапур изјави дека нема краткорочно решение на актуелниот спор со Северна Кореа околу нејзината програма за развивање нуклеарно оружје. Тој побара од азиските земји да ги обединат напорите и да извршат поголем пристисок врз Северна Кореа да ја напушти таа програма.
XS
SM
MD
LG