Достапни линкови

logo-print

Лазар Китановски, советник за национална безбедност во македонската влада. Потреси на смирување


За националната концепција, еве се расправа во период кога говориме за кревка безбедносна ситуација во земјава. Како вие ја оценувате актуелната ситуација на безбедносен план?

Овој регион е турбулентен веќе десетина години. Треба да бидеме внимателни, но и реални во тие проценки, после вакви судири каде што имате тензии меѓуетнички, дури и меѓурелигиозни. Нормално е после завршувањето на тие судири да има мали потреси на смирување. Тоа е како кога имате голем земјотрес, па потоа еден период од година или шест месеци има мали потреси. Доаѓа до реадаптација на луѓето учесници во тој судир. Нормално е да има многу луѓе незадоволни кои сметаат дека имале некои други цели. Во целина земено ако погледнеме ќе видиме голема разлика меѓу она што е да речеме оваа пролет и она што беше претходната пролет. Многу е битно што и меѓународната заедница не дава никаква поддршка на ниту еден субјект којшто би заговарал нови потреси во регинот, бидејќи смета дека тоа би била многу опасна ситуација што може да не врати назад, не десет години, туку можеби и повеќе назад.

На последната прес конференција на претставниците на меѓународната заедница во Скопје, претставникот на ОБСЕ констатира дека во поранешните кризни региони во последно време се зголемува насилството, и покрај оценките што на истата прес конференција ги изнесе претставникот на НАТО дека кај албанското население се враќа довербата во полицијата?

Овие оценки изгледаат контрадикторни на прв поглед. Меѓутоа, самото однесување на граѓаните од тие региони е контрадикторно. Од една страна бараат поддшрка од полицијата од друга страна доколу полицијата интервенира според полициски методи и проценки пак има реакции. И тоа се одразува на таквиот впечаток. Меѓутоа, во целина земено навистина има некои групи кои се одметнати и тоа не може никој да го спори и тука е тешко да одвоите што е криминална, а што политичка активност. Се покажа нешто многу интересно, ако се прашаме кој настрада од тие групи во последните пет - шест месеци? Најмногу настрадаа Албанците. Има сеуште некои кои имаат радикални идели, меѓутоа големо прашање е дали не се крие криминал зад тоа. Знаете, дека кога ќе настанат конфликти тогаш има луѓе кои сакаат да профитираат заради шверц на оружје, заради добивка. Генерално земено, ситуацијата е многу подобра, но од друга страна мораме да бидеме многу внимателни, да инсистираме на мешовитите полициски сили. И со една внимателна политика мислам дека состојбата ќе оди на подобро.
XS
SM
MD
LG