Достапни линкови

Осумдневна турнеја на американскиот претседател Џорџ Буш


Американскиот претседател Џорџ Буш денеска ја започнува 8 дневната турнеја по Полска, Русија, Франција и Блискиот Исток. За време на патувањето ќе бидат покриени многу прашања како транс-атланските односи, светската економија и првиот американско – израелски – палестински самит.

Американскиот претседател ќе ги посети Полска и Русија пред самитот на најразвиените индустриски земји во францускиот Евијан каде што ќе се соочи со европските лидери кои се спротивставуваа на војната во Ирак. Во агендата е додаден и самитот на Блискиот исток кој сега се смета за нај-ургентен. Советникот за национална безбедност Кондолиза Рајс вели дека претседателот Буш сака да го капитализара надежниот момент за Блискиот Исток.

„Претседателот верува дека сега постоји нова можност за мир по крајот на војната во Ирак, делумно поради промените во палестинското раководство потоа поради израелското прифаќање на чекорите во мировниот план и некои од изјавите на премиерот Шарон за иднината што тој ја гледа со палестинскиот народ.“

Сепак одржувањето на овој самит е отворено прашање што зависи од безбедносните проценки. Но за да стигне до таму американскиот претседател ќе мора предвреме или еден ден порано да го напуши самитот на Г-8 во Франција. Во Евијан Буш ќе има средба со францускиот претседател Жак Ширак со кого односите по опонирањето во врска со Ирак се уште не се на најдобро ниво. Запрашан за односите меѓу двајцата претседатели портпаролот на Белата Куќа Ари Флеичер изјави.

„Факт е дека во суштина нашите односи минаа под извесна напнатост. Но многу поважна работа за Соединетите држави и за Франција е да ги негуваат односите и јас мислам дека ќе ги видите двајцата лидери како разговараат во духот на сојузништвото.“

На самитот во Евијан ќе се разговара за светската економија, за блиско-источниот мировен приоцес, за обновата на Ирак, тероризмот и за потенцијално експлозивното прашање во американско-европските односи - земјоделието. На самитот ке стане збор за сиромаштијата во третиот свет и Сидата во Африка. Некои аналитичари шпекулираат дека францускиот претседател Ширак сака да ги стави во фокусот токму овие прашања за да ги стекне симпатиите кај овие сиромашни земји. Меѓутоа, велат тие , и Буш доаѓа добро подготвен на оваа тема. Минатиот четврток тој одбри американски пакет помош од 15 милијарди долари за жртвите на сидата во Африка. Што се однесува до постетата на Полска, Варшава се покажа како најсилниот сојузник на Вашингтон во Европа во однос на Ирак. Меѓу Полска и самитот на Г-8 во Евијан американскиот претседател ќе престојува и во Санкт Петерзбург во Русија по повод 300 годишнината од основањето на овој втор по големина руски град од Царот Петар Велики. Главна тема на разговорите со претседателот Путин ќе биде спречувањето на земјите да му доставуваат воена нуклеарна програма на Иран.
XS
SM
MD
LG