Достапни линкови

logo-print

Нишкиот документ подметнат од политчки цели


СПЦ го искористи и лажно го претстави нишкиот документ што предвидува автономна охридска архиепископија, што минатата година беше парафиран од неколкумина митрополити на МПЦ. На ова укажува митрополитот пелагониски Петар, кој објаснува:

„Ни беше поттурен документ од нацр спогодба од Нови Сад, а не последната нацр спогодба на која заеднички работевме од манастирот Свети Наум Охридски од Охрид. Заради тоа беше поводот да ставиме наши парафи, на кој документ работиме, дека е тоа документот од Ниш, а не дека е тоа завршен документ на МПЦ, имајќи предвид дека завршните документи ги потпишува поглаварот на МПЦ.“

Според митрополитот Петар случајот со нишкиот документ, како и последната одлука на Соборот на СПЦ упатуваат на заклучок, оти како што рече тој, прашањето на црквата повеќе не претставува црковно, туку политичко прашање.

„Прифаќањето на еден таков документ во ова време кога не е решено името на нашата држава, секако дека сака да се повлијае преку нашата црква да не го носи името МПЦ, тоа да има репрекусии на признавањето на нашата држава под името Република Македонија.“

Пренесувајќи го ставот на МПЦ тој потенцираше дека ниту еден претставник на Синодот нема да отстапи ниту од уставното име на државата, ниту на црквата, како и дека нема да биде прифатена никаква автономна Охридска архиепископија, а најмалку, како што рече Петар, делувањето во таа насока на Српскиот егзарх Јован кој поради криминал е суспендиран од црквата. Според митрополитот Петар, разрешениот владика Јован сторил повеќе криминални дела додека ја остварувал службата, но оти штетата што е направена сеуште не може да биде проценета, оти увидот сеуште трае. Меѓутоа, тој посочи примери според кој разрешениот владика преку три негови фирми прелевал црковсни пари, по пат на позајмици во висина и до 58 000 евра во еден случај кога тој купувал зграда во Велес.
XS
SM
MD
LG