Достапни линкови

Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Конструктивна, но и силна опозиција што во чекор ќе ги следи потезите на власта


Што може јавноста да очекува од најголемата опозициона партија по Вашето доаѓање на нејзино чело? И тоа пред се во смисла на партиска реформа, односи со шефот на државата, со власта, со останатите партии од опозицијата и меѓународната заедница?

Она што може да се очекува во овој период од ВМРО-ДПМНЕ е едно зацврстување на организацијата, мобилизирање на сите сили, на сите идеи, создавање на поцврст имиџ на конструктивна опозиција, но и силна опозиција којашто во чекор ќе ги следи потезите на власта и нормално, на јавноста ќе и ги покажува стите свои идеи со што јавноста треба да оцени кому во иднина ќе му ја даде довербата, односно дали погрешила што и ја дало на сегашната власт или пак треба да ја даде на новиот тим на ВМРО-ДПМНЕ. Што се однесува до односите со шефот на државата, господинот Трајковски, имаме прилично коректни односи и јас деновиве, по изборот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ оствариов една официјална средба со него, така што имаме одлична комуникација. Со меѓународната заедница јас во минатите години имав сосема солидни односи и не мислам да ги менувам. Тие се многу задоволни од новиот состав на Извршниот комитет. Што се однесува до другите опозициони партии, јас немам никаква хипотека со ниту една партија, така што ВМРО-ДПМНЕ е отворена да разговара со сите опозициони партии и да нуди соработка. Доколку тие се заинтересирани за поблиска соработка, ние сме отворени. Инаку, нормално е да постои еден демократски однос помеѓу опозицијата и власта. Ние сме подготвени на власта да и помогнеме за сите клучни државни прашања коишто се од врвен државен интерес. Ние не сме тука само заради ВМРО-ДПМНЕ, туку пред се заради Македонија. Меѓутоа, власта треба да има малку и немирен сон затоа што треба да знае дека будно ќе ја следиме во сите останати активности“

Во вас гледаат како на човек кој може да ги активира кадрите кои се меѓу оснивачите на партијата. Што велите за ова?

Новиот Извршен комитет донесе декларација и повик до сите поранешни членови коишто заради една или друга причина во минатото ја напуштиле партијата, да се вратат и приклонат кон ВМРО-ДПМНЕ и повторно да почнеме да работиме заедно – за да ја зацврстиме ВМРО-ДПМНЕ и да бидеме вистинска алтернатива на власта. Тоа зајакнување ќе биде добро не само за ВМРО-ДПМНЕ туку и за развојот на демократијата во земјата“.

Вие успешно функциониравте во ресорот финансии. Како ја оценувате економската состојба во земјава?

Она што можам да го кажам е дека од новата власт имаше големи очекувања. Практично, дадоа десетици и десетици ветувања коишто, за жал, не само што не се сотварија, туку најголемиот дел отидоа во обратна насока барем во овие седум-осум месеци. Да кажеме, од доаѓањето на новата власт имаме зголемување на неврабоитеноста за околу 8.500 нови невработени. Имаме и ново затворање на некои фабрики. „ЈУгохром“ е последната што беше реактивирана, но тоа беше веќе изработено од претходната власт. Кога кон сето тоа ќе се додаде и односот на новата власт кон инвеститорите, особено кон странските инвеститори кои инвестирале во земјата кога тие не биле на власт – кон нив имаат еден брутален однос, што е лошо за Македонија, затоа што секој кој сака да инвестира во Македонија оди во Телеком да праша каков е односот на власт. Сите овие процеси резултираат со еден страв. Кога ќе се додаде и политичката неизвесност, нестабилност итн., страв од влегување на странски инвеститори – а и домашните се обесхрабрени да ги вложат своите пари. Сликата е прилично непријатна, иако не можам да кажам дека некои поединци во владата не се трудат да направат нешто. Добро е што владата склучи аранжман со ММФ. Тоа е еден позитивен чекор, меѓутоа, има уштре многу работи што треба да се средат и останува да видиме што понатаму.

Министерот за внатрешни работи предложи да ви го достави материјалот од ревизијата во Царинската управа и вие да оцените дали имало злоупотреби. Би го прифатиле ли овој предлог?

Штотуку го примив тој материјал и не знам како да го сфатам сето ова. Што се однесува до консултантска работа, имам премногу консултантска работа и не знам дали на тоа мислел почитуваниот министер за внатрешни работи или е некаков политички трик.
XS
SM
MD
LG