Достапни линкови

Ратфикикацијата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација од Грција позитивен сигнал


Ратификацијата на спогодбата за стабилизација и асоцијација во грчкиот парламент е позитивен сигнал кој доага од оваа земја. Ние тоа го гледаме од аспект на спорот што го имаме со нив во врска со името на нашата држава, вели професор Денко Малески од правниот факултет. Тој посочува оти ова може да се протолкува на два начини:

„Едниот е дека грчката политика успеала поприлично да еволуира од пред десетина години по прашањето на името на нашата држава, а вториот е дека се ставена во ситуација да донесат една одлука како претседавачи на Европската Унија, но дека постојат и други начини коишто би повлијаеле врз решавањето на тој спор онака како што тие би сакале тоа да се реши. Според тоа, во секој случај би кажал дека тоа е еден позитивен правец на развој на односите меѓу нашите две земји и треба да се види што станува со останатите акти кои се во грчкиот парламент“.

Меѓутоа Малески вели оти не може со сигурност да тврди дека ова би отворило пат и за ратификација на другите акти:

„Бидејќи Грција во моментот се наоѓа во една специфична ситуација. Таа е претседавач со Европската Унија, скоро тоа претседателство ќе заврши, а како претседавач таа сепак мора да се однесува на еден поконструктивен начин. Дали грчката политика така ќе продолжи и откога нема да бидат на чело на Европската Унија по прашање на другите акти, останува да се види“.

Професорот смета дека ратификацијата делумно се должи на тоа што е претседавач со Унијата и додава дека тој сака да верува оти со ова се отвара можноста и за решавање на спорот со името:

„Не сум воопшто сигурен дека тие се откажале од барањето на прифатливо, за нив, решение на прашањето за името. Би било добро кога би било така, би било добро кога грчката политика би еволуирала така што таа едноставно да заборави на овој проблем, но се сомневам дека тоа ќе биде така. Да оставиме простор и за поинакви реакции, бидејќи како што знаеме, прилично високо на агендата на грчката политика во однос на Македонија е взаемно прифатливо решение на проблемот на името“.
XS
SM
MD
LG