Достапни линкови

Ќе се спречи секој обид Ирак да стане нов Иран


Соединетите Држави со уште едно предупредување до Иран да не се меша во внатрешните работи на Ирак. Претходно, Вашингтон го обвини Техеран дека ги заштитува терористите на Ал Каида и оти се обидува да развие нуклеарно оружје.

Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд на состанокот на советот за надворешни работи изјави дека Соединетите Држави ќе спречат секаков обид Ирак да стане нов Иран.

„Мешањето во Ирак од неговите соседи нема да биде дозволено. Иран мора да сфати дека секој обид Ирак да биде уреден по примерот на Иран ќе биде решително сузбиен.“

Рече секретарот Рамсфелд, предупредувајќи дека ќе треба време за ирачката демократизација.

„Транзицијата до демократија ќе потрае. Тоа нема биде лесен пат. Во Централна и Источна Европа, овој процес трае, но успева.“

Претходно Соединетите Држави побараа од Иран повеќе да поработи во борбата против терористичката мрежа Ал Каида, односно да престане да им дава засолниште на нејзините припадници. Ова, како и обвинувањата дека Иран прави напори да дојде до нуклеарно оружје беа демантирани од официјален Техеран за американско мешање во иранските внатрешни работи. Тоа посебно откако во американскиот печат излегоа некои наводни предлози на Пентагон за покренување бунт на народот со цел симнување на иранската влада. Американскиот државен секретар Колин Пауел, од друга страна изјави дека Соединетите Држави ќе ги продолжат контактите со Иран. Според некои наводи, деновиве во Вашингтон треба да биде одржан состанок посветен на американската политика спрема Иран, односно за тоа со кој да се разговара во Техеран – дали со умерениот претседател Мохамед Хатами, со верските лидери или со некои други.
XS
SM
MD
LG