Достапни линкови

Јапонија: Силен земјотрес во северниот дел на земјата


Силен земјотрес денеска го погоди северниот дел на Јапонија. Силата на потресот во епицентарот, триста километри северно од Токио, според првите податоци, изнесувал седум степени според Рихтеровата скала. Земјотресот, како што јавуваат агенциите, се почувствувал и во Токио и тоа скоро две минути. Јапонската телевизија прикажа снимки на запалени згради од регионот Мијаги, но засега нема информации за евентуални жртви или за штети предизвикани од земјотресот.
XS
SM
MD
LG